Повеќе од 150 години старата црква Св.Марко во северозападен Лондон, која е на листата на културно наследство, изгоре во пожар кој избувнал во текот на ноќта.

Лондонската противпожарна бригада соопшти дека нема извештаи за повредени и дека причината за пожарот се уште не е позната, јавува Би-Би-Си.

Во гаснењето на пожарот што избувна во двокатната црква Свети Марко учествувале повеќе од 80 пожарникари со 12 возила.

При интервенцијата пожарникарите употребиле скала висока 64 метри, највисока од ваков вид во Европа.

На жителите во областа им било препорачано да не ги отвораат прозорците, а полицијата побарала од јавноста да ја избегнува областа за да им дозволи на службите за итни случаи да ја извршуваат својата работа.

Градскиот совет на Вестминстер соопшти дека жителите се безбедни, а лондонската противпожарна бригада соопшти дека истражителите ќе започнат истрага за причините за пожарот.

Националниот фонд за цркви ја опишува црквата Свети Марко, викторијанска црква, како „архитектонско и историско богатство“.