Околу 23 часот вчера избувнал пожар во облакодерот на загрепскиот дневен весник и медиумска куќа „Вјесник“, кој е еден од најстарите весници на Балканот и работи уште од втората половина на минатиот век.
Пожарот се ширел нагоре во кулата на Славонска Авенија во Загреб и зафатил голем број катови, а во гаснењето се вклучија стотици пожарникари.
Пожарот е и утрово активен и се шири по вентилациските окна. Поради распламтувањето на стихијата, пожарникарите се повлечени надвор.
Причината за пожарот уште е непозната, а во моментот кога избил првиот оган, во зградата немало никој, пишуваат хрватските медиуми.
Според загрепските пожарникари, повик за пожар добиле околу 23 часот, а чудно е тоа што имало само еден повик. Обично при голем пожар има повеќе повици, велат тие.
