Несреќата се случила кај местото Свиништа, каде автомобилот „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 93-годишната Д.И.Ч. од Стар Дојран, излетало од коловозот, информираат од СВР Охрид.
Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
На местото на настанот, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.