Во Србија денеска се одржуваат претседателски избори, предвремени парламентарни избори и избори за Собранието на Белград и уште 13 градови и општини, а право на глас имаат 6.502.307 граѓани кои од 7 до 20 часот гласаат на 8.267 избирачки места.

Центарот за слободни избори и демократија во Србија (ЦЕСИД) ја објави проекцијата на излезноста на изборите во 2022 година, а до денеска до 17 часот на изборите гласале 45,1 отсто од запишаните избирачи.