До 15 часот во вториот круг од локалните избори, излезеноста на ниво на државата изнесува 30,26 проценти, со вкупно 208.571 граѓани кои го оствариле своето избирачко право – соопшти Државната изборна комисија на денешната прес-конференција.

Во Град Скопје, до истиот термин, гласањето го искористиле 29,94 проценти од запишаните гласачи, што претставува 104.182 лица.

За споредба, во првиот круг на локалните избори, излезеноста во истиот период изнесувала 31,16 проценти, кога вкупно гласале 365.977 граѓани.

ДИК најави дека следната прес-конференција со нови податоци за излезноста ќе биде одржана во текот на попладневните часови.