До 17 часот на денешното гласање на првиот круг од локалните избори, своето право на глас го искористиле 39,61 проценти од запишаните гласачи во избирачкиот список.
Државната изборна комисија информираше дека добиле податоци од 3221 избирачки места каде право на глас имаат 1 699 296 гласачи.
Најголема излезност до 17 часот има во:
Вевчани 61,84 %
Дебарца 53,41 %
Демир Капија 57,65 %
Дојран 60,91 %
Зелениково 52,77 %
Карбинци 50,25 %
Конче 55,13 %
Крива Паланка 56,01 %
ДИК: До 15 часот на локалните избори излегле 31,34% од гласачите – во Скопје 31,16%
Извор: ДИК