Гласањето за градоначалници во шесте општини во Албанија се одвива без проблеми но со ниска излезност, која до 16 часот е 25, 23 отсто, од вкупно запишаните 648.576 гласачи.
– Гласањето минува без проблеми. Од вкупно 942 избирачки места, само во три, во општина Скадар гласањето не почна поради непроодност на патиштата поради обилните снежни врнежи, до кои и пеш не можеа да стигнат членовите на избирачките одбори. Дали ќе има друг датум на гласање ќе зависи од резултатот. Доколку бројот на гласачите влијае врз резултатот тогаш ќе се одреди друг ден за гласање, рече Илирјан Целибаши претседател на Централната изборна комисија.
Најниска излезоста и понатаму е во Драч 21,5 осто, од запишаните 258.633 гласачи, додека највисока во Пешкопеја 37,1 отсто од 56.983 лица со право на глас. Во Скадар излезноста е 22,8(104.249), во Рогожина 26,3 ( 31.966), во Љушња 31,2 (104.249) и во Вора 34,2 отсто од запишаните 30.053 гласачи.
Целибаши ги повика граѓаните со право на глас да го искористат нивното демократско право а партиите да го почитуваат законот.
Во пет општини идентификацијата е електронска а во Вора гласањето е елекронско, како што ќе биде и броење па резултатот се очекува да биде соопштен кусо по затворањето на гладачките места. За останатите пет општини, според Целибаши, резултатот ќе биде соопштен за 48 часа.