Најголема излезеност до 15 часот се забележува во Општината Карпош со 32,40 проценти и Општина Центар со 31,65 проценти. Најмала излезеност за Градот Скопје се забележува во Општина Сарај шест проценти и Општина Чаир 8,83 проценти.
Во првиот круг до 15 часот излезеноста била 31,16 проценти за Градот Скопје.
-Статистиката по општини е следна – излезноста во Општина Аеродром 28,35, Боговиње 26,49 проценти, Брвеница 40,83 проценти, Валандово 38,54 проценти, Виница 32,59 проценти, Дебар 26,72 проценти, Демир Капија 46,97, Дојран 46,75, Зрновци 36,26 проценти, Карпош 32,40, Кичево 31,81 процент, Конче 45,50, Кочани 26,72, Крушево 50,22, Куманово 22,10, Лозово 46,95, Македонска Каменица 34,48, Македонски Брод 36,92, Неготино 34,80, Пробиштип 49,04, Ранковце 44,64, Росоман 48,13, Струга 27,22, Студеничани 28,88, Тетово 30,94, Центар 31,65, Чешиново Облешево 38,82, Чучер Сандево 40,69, Шуто Оризари 19,69 проценти. Во првиот круг излезеноста во 15 часот била 31,16 проценти, рече портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска.
Таа информира дека гласањето до овој момент се одвива непречено и во најдобар ред. Потенцира дека сите приговори кои биле доставени до ДИК за лично избирачко право се решаваат и сите граѓани непречено си го остваруваат своето право на глас. Нагласи дека засега до ДИК нема пријавено инциденти.
Апелира до избирачките одбори на избирачките места дека треба да се дозволи непречено медиумите од државата да ја остваруваат својата дејност и да не се попречува нивното присуство.
