Во СВР Скопје била пријавена измама со купопродажба на возила, при што тројца граѓани од Охрид и Куманово биле оштетени за вкупно 80.500 евра.

Измама со купопродажба на возила

Според пријавата, С.Ѓ. (59) од Скопје, управител на правен субјект, склучил купопродажни договори со 63-годишник од Охрид и двајца Кумановци (47 и 37 години) за продажба на патничко возило „Ланд Ровер“ и две „Тојоти“.

Меѓутоа, и покрај договорот, купувачите не ја добиле договорената сума во предвидениот рок, со што биле финансиски оштетени.

Според податоците, измамата се одвивала во периодот од март до јуни 2024 година.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со измамата.

Извор: Kurir