-Во ноември месец во 2019 година скопскиот градоначалник Петре Шилегов ја продаде градската куќа за 12.7 милиони евра, честејќи го новиот сопственик со гратис земиште и ослободени комуналии. Со парите од 12.7 милиони евра, речиси 2 години подоцна не е купен нов објект, ниту пак е започната некоја нова инвестиција од корист за скопјани. Дали со продажбата на претходно изградената градска куќа е направена измама тешка 12.7 милиони евра, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно предупредивме дека направен е “договор” за објектот на поранешното ЕСМ, каде градот би бил оштетен по принципот ново за старо, велат од партијата.

-Каде се, и за што се употребени 12.7 милиони евра од продажбата на новата градска куќа?