Тетовец бил измамен за порачка на кујна.
Мажот платил 55.000 денари, но кујната не ја добил, а полицијата поднесе кривична пријава за измамникот.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(30) од село Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 20.12.2022, пријавениот се договорил со лице од Тетово да му направи кујна, по што земал мерки и добил капар од 55.000 денари, но не ја испорачал нарачката“, велат од МРВ.