ЛАЖНА „ПОШТА“

Жител на Гостивар пријавил во полиција дека бил измамен преку СМС порака со лажен линк за достава од „Пошта на Северна Македонија“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата поднесена во Полициската станица Гостивар, С.А. (34) добил порака со линк кој водел до интернет-страница што визуелно била идентична на официјалниот портал на Поштата.

Откако ги внел податоците од својата дебитна картичка, од неговата сметка биле извршени повеќе неовластени трансакции, при што биле одземени вкупно 89.106 денари, уплатени на сметки во странство.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите, а случајот е предмет на дигитална форензика.

 

 

 

 

ЛАЖНА „ПОШТА“