Двајца сопружници од Струга биле измамени за речиси 4.000 евра од двајца измамници. Тие им ветиле донации за лекување на нивното болно дете, соопшти МВР. Измамниците, еден од Струга и другиот од Скопје, ја искористиле довербата на сопружниците за да ги набават нивните лични податоци, по што подигнале брзи кредити во нивно име.
Жена од Кочани поднела пријава за злоупотреба на лична карта за подигање брзи кредити
Инцидентот се случил во периодот од 21.11.2024 до 17.12.2024, кога измамниците, преку социјална мрежа, се претставувале како лица кои сакаат да донираат средства за лекување на детето во странска земја. Тие наводно побарале пари од сопружниците за да ги ослободат донираните средства од даночни обврски. По неколку испратени пари преку автопревозници, измамниците ги побарале кодовите за активирање на трансакциските сметки на оштетените.
Откако кодовите биле предадени, во следните денови од сметките на сопружниците почнале да пристигнуваат пари од различни финансиски друштва, иако тие не побарале никаков кредит. Против измамниците П.С. (33) од Струга и С.Ш. (43) од Скопје поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела “измама” и “помагање при вршење на измама”.
Извор: Слободен печат