Од 13,30 часот до завршување на протестот етапно ќе бидат затворени за сообраќај бул.„Гоце Делчев”, бул.„Илинден” и бул.„Климент Охридски”.
Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.