Целта меѓу другото, да се подобри квалитетот на инклузивното образование преку допрецизирање на постапката за вработувањето на образовните асистенти, како и можноста да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време.
– Со предложените измени се пропишува и полагање стручен испит на воспитувачи во основните училишта, што исто така ќе придонесе за подобрување на квалитетот на нивната работа, како и кариерно напредување на административните службеници во основните училишта, соопшти владината прес-служба