Во Собранието денеска седница треба да одржи Законодавно-правната комисија, која ќе расправа за предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, по скратена постапка.

Со предлог-законот минималната плата ќе се зголеми од 15 200 на 18 000 денари, а ќе почне да важи со мартовската плата.

„Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е воедно и двојно покачување од минималната плата од онаа во 2016 година, стануваме предводници во Европа со висината на уделот на минималната во просечната плата. Очекуваме оваа мерка да влијае позитивно и на останатите плати во сите други индустрии, со што ќе се подобри стандардот на сите граѓани“, нагласи премиерот Димитар Ковачевски.

Откако ќе помине и на Законодавно-правната комисија, предлог-законот треба да се врати на пленарна седница за конечно усвојување.