– Во периодот од 29 ноември до 5 декември 2021 година, со помош на специјалните возила – „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 105 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство – „блокатор“ санкционирани се 113 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ПОЦ.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар потсетуваат на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.