АД ЕСМ вчера произведe 15.248 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални државни субјекти, информираат од Владата.
При тоа, како што посочуваат, во термоелектраните се произведени 9.242, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 6.006 мегават часови електрична енергија.
-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.680 мегават часови електрична енергија, соопштија од Владата.