Во последните 24 часа од 4.501 тестирања за Ковид 19, регистрирани се 601 нови случаи, 13 починати лица и 304 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.
Најголем број од случаите на новозаболени се регистрирани во Скопје, 217, потоа во Битола, 68, во Велес, 34, во Кавадарци и Куманово по 31, во Прилеп и Штип по 28, а во Крива Паланка 18 нови случаи на заразени во Ковид 19. Во Кочани и Тетово има по 17 нови случаи, во Гевгелија, 16, во Делчево, Кичево, Охрид и Радовиш по 10, во Берово девет, во Неготино осум, во Македонска Каменица и Ресен по пет, во Богданци, Виница и Гостивар по четири, во Кратово, Пробиштип и Струмица по три, во Демир Хисар, Крушево и Свети Николе по два и во Македонски Брод и Струга по еден нов заболен.
Во изминатото деноноќие регистрирани се по две починати лица од Скопје (72г, и 81г), Куманово (60г и 89г) и Кочани (64г и 72г), и по едно починато лице од Кавадарци (78г), Демир Хисар (75г), Битола (68г), Крива Паланка (58г), Велес (73г), Неготино (45г), и Виница (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Оздравените пациенти се од Скопје, 141, Куманово, 26, Велес, 16, Прилеп и Кавадарци по 15, Битола и Штип по 14, Охрид, 10, Тетово и Кочани по седум, Пробиштип шест, Свети Николе пет, Струмица, Гевгелија, Неготино и Делчево по четири, Кичево, Струга, Валандово и Демир Хисар по два и Гостивар, Ресен, Виница и Кратово по еден.
Досега во земјата се направени вкупно 1.404.750 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 205.623, бројот на оздравени пациенти е 190.570, на починати е 7.217, а бројот на активни случаи бво моментов изнесува 7.836, информираат од Министерството.