Селекторот на македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години, Кирил Изов, го објави списокот на фудбалерки кои се повикани за претстојниот квалификациски турнир за пласман на Европското првенство. Турнирот ќе се одржи во Србија, а на списокот се наоѓаат вкупно 20 репрезентативки кои ќе ги бранат националните бои.

Официјалниот собир на младинската репрезентација е закажан за 23 ноември во Скопје. По одработувањето на два тренинзи на терените во рамки на Тренинг центарот „Петар Милошевски“, избраничките на селекторот Изов ќе заминат за Стара Пазова, каде што ќе бидат одиграни трите предвидени квалификациски средби.

Според утврдениот распоред, македонските фудбалерки првиот дуел ќе го одиграат на 26 ноември против соодветната селекција на Црна Гора. По три дена пауза, односно на 29 ноември, следува пресметката со репрезентацијата на Азербејџан, додека во последното коло, закажано за 2 декември, тимот ќе ги одмери силите со домаќинот Србија.