Израел побара евакуација на 20 болници во северниот дел на Појасот Газа, од кои шест се веќе евакуирани, изјави во саботата израелски безбедносен претставник.
„Четири болници одбија наредба за евакуација, додека останатите се во процес на евакуација“, изјави неименуван функционер за израелската радиодифузна корпорација.
Официјалниот претставник потврди дека „околу 30.000 Палестинци дошле во засолништата околу болницата Шифа како жив штит“.
Обединетите нации и меѓународните институции изминатите денови објавија дека во Појасот Газа има хуманитарна криза како резултат на израелското бомбардирање и опсада на Газа.
Израелски функционер тврди дека „нема хуманитарна криза во Газа“.
– Досега од северниот дел на Појасот Газа на југ се евакуирани 700.000 граѓани – рече тој.
Израел побара околу 1,1 милион Палестинци од северниот дел на Појасот Газа да бидат евакуирани на југ.