Израелската артилерија утрово гранатираше цели во Либан, одговарајќи на минофрлачки оган од позициите на Хезболах, пренесе Слободен Печат.
Претставник на Израелските воени сили објави дека била нападната територијата Маунт Дов, на тромеѓето со Либан и Сирија.
Израел го предупреди проиранското движење Хезболах да не се вклучува во војната што вчера ја почна Хамас од појасот Газа.
Проиранското движење ги поддржа ракетирањата на израелски градови и упадот на вооружени групи на Хамас во Израел во саботата.
Неправдата што се спроведува врз сирискиот, либанскиот и ерменскиот народ и постојаната агресија против палестинскиот народ и нивните свети места се производ на американската тиранија, оцени Хезболах.
– Неопходно е да се одговори на оваа тиранија и да им се застане на крајот на нивните агенти, што е почеток на решението – изјави синоќа изјави членот на Централниот совет на Хезболах, шеикот Хасан ал-Багдади, според иранската агенција Фарс.
Ал Багдади додава дека „не може да се толерира постојаната агресија врз богатството на сирискиот народ и неселективните убиства“, особено за масакрот извршен во Хомс пред меѓународната заедница, која не реагираше.
– Почитуваните луѓе мора да ги обединат своите напори за ставање крај на оваа тиранија. Без неа, агресијата ќе продолжи, областа на неправдата ќе расте, а на непријателот ќе му се даде надеж за победа.
Ги советувам оние кои се обложуваат на долгото трпение на силите на отпорот да не го прават тоа, бидејќи тоа е заблуда и лавовска дремка на попладневните горештини – истакна високиот претставник на Хезболах, јави МИА.