Израелскиот министер за одбрана Бенц Ганц синоќа отпатува во Вашингтон за да се сретне со највисоките американски воени лидери, во време кога американските и европските претставници на преговорите во Виена изразија песимизам и незадоволство од барањето на Иран, јавуваат израелските медиуми.

Евентуалните воени вежби би биле подготовка за сценарио во кое овие преговори ќе пропаднат и лидерите на САД и Израел ќе се заложат за воен напад, пренесува Бета.

– Иран е закана за светскиот мир и стреми да стане егзистенцијална закана за Израел. Ќе разговараме за можните активности на состаноците за да се осигураме дека обидите на Иран да стигне до нуклеарната арена и да ги прошири своите активности во регионот ќе престанат, рече Ганц пред неговата патување во САД.

Ганц ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и со државниот секретар Ентони Блинкен.

Американскиот официјален претставник не откри детали за потенцијалните вежби за напад на иранските нуклеарни постројки.

Во октомври, американските воени претставници го информираа советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан за воените опции за запирање на иранската нуклеарна програма, посочуваат американски медиуми.

Големите воени вежби би ги одржала израелската армија над Средоземното Море, а би биле вклучени и десетици авиони, кои би симулирале напад врз иранската нуклеарна програма.