Како што е наведено, земјите кои се купувачи на израелската кибер технологија ќе треба да потпишат изјава дека производите ќе ги користат „само за истрага и спречување терористички акти и сериозен криминал“. Може да се воведат санкции „вклучувајќи кибер-ограничување и/или исклучување“ на земјите кои ги прекршуваат тие услови.
Во соопштението не се споменува НСО Груп, но таквата одлука е донесена неколку дена откако добро упатени извори соопштија дека телефоните на 11 вработени во Стејт департментот биле хакирани од софтверот на компанијата. Сите тие вработени се наоѓале во Уганда. Ова е прв познат случај дека Пегасус бил употребен против вработени во американската Влада.
Американското Министерство за трговија минатиот месец ја стави НСО Груп на црната листа, забранувајќи и да користи американска технологија. Минатата недела Епл ја тужеше НСО за хакирање на Ајфон и други производи, нарекувајќи ја израелската компанија „неморални платеници на 21. век“.