Пресретната „Матлин“ пред да стигне до брегот на Газа

Израелските сили го зазедоа хуманитарното пловило „Матлин“, кое се обидело да ја пробие поморската блокада на Појасот Газа. На јахтата се наоѓале 12 луѓе, меѓу кои и шведската активистка за климата Грета Тунберг, како и француската европратеничка Рима Хасан. Израелските власти потврдија дека пловилото е одведено во израелско пристаниште и дека сите патници се во добра здравствена состојба.

  • „Селфи јахтата на славни личности безбедно плови кон брегот на Израел. Се очекува патниците да се вратат во своите земји. Сите се добро и неповредени. Ќе им бидат дадени сендвичи и вода. Шоуто заврши“, објави израелското Министерство за надворешни работи преку социјалните мрежи.

Уапсени во меѓународни води, според тврдењата на активистите

Јахтата пловела под британско знаме и била управувана од пропалестинската организација „Фридом флотила“. Нивната мисија, според нив, била симболичен обид за доставување хуманитарна помош во Газа и за подигнување на свеста кај меѓународната јавност за кризата во енклавата.

  • „Екипажот на ‘Фридом флотила’ беше уапсен од израелската војска во меѓународните води утрово околу два часот“, напиша Рима Хасан на социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер).

На бродот имало мали количества храна, вклучувајќи ориз и бебешка храна, со Газа како крајна дестинација. Израел ја воспостави поморската блокада врз Појасот Газа во 2007 година, кога Хамас ја презеде контролата врз територијата.

Ова не е првпат да биде уапсена Грета Тунберг

Данската полиција ја уапси Грета Тунберг на пропалестински протест

Тогаш, данската полиција ја приведе активистката Грета Тунберг за време на протестот против војната во Газа одржан во Копенхаген.

Извор: СДК