Израел има намера да ги продолжи нападите врз Иран најмалку три недели, изјави денес портпаролката на израелската армија Ефи Дефрин, додавајќи дека сè уште има „неколку илјади цели што треба да се погодат“.
„Подготвени сме, во координација со нашите американски сојузници, а нашите планови се протегаат најмалку до Пасха, за околу три недели. Исто така, имаме подетални планови за следните три недели“, изјави таа за американската телевизиска мрежа CNN (CNN).
Таа додаде дека Израел „не работи во ритамот на штоперица или распоред, туку сака да ги постигне своите цели“.
„Целта на Израел останува значително да го ослаби иранскиот режим“, изјави портпаролката на израелската армија.
На 28 февруари, Соединетите Американски Држави и Израел започнаа напади врз Иран, кои возвратија со напади врз американското присуство во земјите од регионот.
