Израелски одбранбени сили

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во „почетниот бран“ напади го елиминирале одбранбеното раководство на иранскиот режим. Во објава на социјалните мрежи наведоа дека меѓу убиените се советникот за безбедност Али Шамкани, командантот на Корпусот на Исламската револуционерна гарда Мохамед Пакпур и министерот за одбрана Азиз Насирзаде.

Во рамки на соопштението беа објавени и фотографии и кратки профили на тројцата функционери, како и на други лица за кои ИДФ тврди дека биле елиминирани.

Контрадикторни информации за Хамнеи

Во официјалното соопштение на ИДФ не се споменува врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи. Сепак, високи израелски функционери за неколку медиуми изјавија дека тој е мртов, а дел од израелските медиуми објавија дека неговото тело било пронајдено во урнатините на палатата. Информацијата ја пренесе и „Иран Интернешнл“.

Од друга страна, од Иран засега нема официјална потврда за ваквите тврдења.

„Ова се иранските функционери што ги елиминиравме“

Ова се иранските функционери што ги елиминиравме
Ова се иранските функционери што ги елиминиравме

Техеран демантира и зборува за „ментална војна“

Ирански извори категорично ги отфрлаат наводите дека врховниот лидер е убиен.

„Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен и има цврста команда на терен“, изјавил извор од иранските државни медиуми близок до канцеларијата на Хамнеи.

„Непријателот посегнува по ментална војна, сите треба да бидат свесни“, соопштил раководителот за односи со јавноста во канцеларијата на врховниот лидер.

Ајатолахот досега не се појавил во јавноста ниту се обратил откако започнаа нападите.