Израел тврди дека Иран го прекршил прекинот на огнот со ракета

На официјалниот профил на Израел на платформата „X“ беше објавено видео за кое се тврди дека прикажува ракета испукана кон северниот дел на Израел, и тоа не за време на активни борби, туку во периодот на договорениот прекин на огнот.

„Ова е ракета испукана кон северен Израел – не за време на војната, туку за време на таканареченото прекин на огнот“, стои во објавата.

Израел: Иран е терористичка закана, го прекрши договорот за прекин на огнот

Во продолжение на објавата, Израел упати остри обвинувања кон Техеран, велејќи: „Иран продолжува да го покажува своето вистинско лице како терористичка држава и закана за регионот“.

Израелските одбранбени сили посочија дека најмалку една ракета е истрелана неколку часа по почетокот на примирјето.

Иран негира вмешаност, Израел најавува одговор

Ирански претставници веднаш ги отфрлија обвинувањата, нагласувајќи дека нивната страна немала никакви офанзивни дејствија откако прекинот на огнот стапил на сила. Сепак, Израел веќе најави дека ќе одговори жестоко на секоја провокација.

Дали постои реална шанса Иран да ја нападне Америка?

Извор: Индекс.хр