Границите затворени, Бен Гурион останува недостапен

Израел им забрани на своите граѓани да ја напуштаат земјата, како дел од серија на безбедносни мерки воведени поради ескалацијата на конфликтот со Иран. Според весникот Хаарец, израелската влада им наложила на домашните авиокомпании да не дозволуваат качување на израелски државјани на појдовни летов. Тие се загрижени од можни ирански одмазднички напади врз аеродромите.

Главниот меѓународен аеродром „Бен Гурион“ останува затворен за комерцијални поаѓања. Дозвола за заминување имаат само странски државјани, дипломати и туристи.

Регев: „Ова е мерка за заштита на животите“

Израелската министерка за транспорт, Мири Регев, изјави дека оваа одлука е донесена во согласност со безбедносните проценки и дека Израел во моментов нема да дозволи своите граѓани да патуваат во странство.

  • „Мораме да делуваме одговорно и внимателно. Безбедноста на нашите граѓани е приоритет“, рече Регев, пренесе порталот Мидл Ист Монитор.

Воедно, таа најави операција за репатријација на повеќе од 100.000 израелски државјани кои моментално се во странство, посочувајќи дека враќањето ќе биде организирано „во фази и на координиран начин“.

Израел удри врз Техеран: 50 авиони нападнаа постројки за центрифуги и оружје

Реакции по нападот на иранскиот аеродром

Мерките следуваат откако Израел изврши воздушен напад врз аеродромот Машхад во Иран. Иако Техеран сè уште не возвратил директно врз израелската воздушна инфраструктура, изрази дека по израелската агресија, аеродромите сега би можеле да се сметаат за легитимни цели.

Официјални безбедносни служби во Тел Авив известуваат дека нови проценки се прават буквално секој час.

Илјадници се враќаат, десетици илјади остануваат во странство

Порталот Тајмс оф Израел пренесе дека околу 2.800 израелски државјани веќе се вратиле во земјата. Меѓутоа, се проценува дека меѓу 100.000 и 150.000 Израелци сè уште се наоѓаат надвор од земјата.

  • „Нашата цел е да ги вратиме што е можно побрзо сите кои сакаат да се вратат“, изјави Шерон Кедми, извршна директорка на Израелската управа за аеродроми за Военото радио.