Израелската војска изутринава изврши воздушни напади врз цели на палестинската милитантна група Хамас во Јужен Либан и во појасот Газа.
Тврди дека уништиила над 10 објекти кои му припаѓале на Хамас. Ударите вели израелската војска се одговор на серијата од 34 истрелени ракети од Либан кон Северен Израел, за што ја обвини палестинската милитантна група Хамас со седиште во појасот Газа која има ограноци на либанска територија.
При нападите беа повредени две лица. Милтантите во Газа возвратија со над 20 ракети по почетокот на нападите. Хамас не соопшти дека ги истрелал ракетите од Либан, најмногу од 2006 година, но лдиеерот на групата Исмаил Ханија порача дека плаестинците нема да седат со скрстени раце пред израелската агресија.
Како последен пример Ханија го наведе инциндетот во џамиаијата ал акса во ерусалим пред два дена. Израелската армија истакна дека нема да дозволи Хамас да дејствува од Либан и според неа либанската држава е одоговорна за секое гранатирање кое доаѓа од нејзина територија. ОН ги повикаа инвловираните страни да ги прекинат опасните акции. Според либанските медиуми, израелските проектили погодиле поле во близина на палестинскиот бегалски камп Рашидије и електричен трансфорамтор во крајбрешниот јужен град Тир..