Победникот ќе ја преземе оваа повеќе протоколарна функција на 9 јули.

Непосредно пред изборот, израелските медиуми ги потенциираат разликите меѓу двајцата кандидати, додава германската агенција.

Едниот кандидат е Миријам Перец, наставничка родена во Казабланка, која како дете имигрирала во Израел, а имала двајца синови кои биле убиени во вооружен судир. Многумина ја почитуваат токму заради нејзината вера.

Од другата страна е Исак Херцог, кој важи за фаворит во изборот на претседател. Секуларист, роден во Тел Авив, кој долго време се занимава со политика. Тој во 2018 година беше избран за претседател на Еврејската агенција за помош, која, меѓу другите теми, се занимава со имиграцијата во Израел. Неговиот татко, Хаим Херцог, беше претседател на Израел од 1983 до 1993 година.