Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, го нападна францускиот претседател Емануел Макрон откако на израелските компании им беше забрането да учествуваат на францускиот саем за оружје „Евронавал“.

Галант притоа го нарече Макрон „срам на француската нација“.

-Одлуката за дискриминација на израелската одбранбеа индустрија во Франција по вторпат им помага на непријателите на Израел, рече Галант.

Тој ја обвини Франција дека „постојано води непријателска политика кон еврејскиот народ“.

Политико пренесува дека ова е вторпат во последните неколку месеци израелските одбранбени компании да бидат исклучени од учество на воен саем во Франција..

-Ќе продолжиме да ја браниме нашата нација од непријателите на седум различни фронтови и да се бориме за нашата иднина – со или без Франција, најави Галан.

Острите забелешки се последната ескалација во војната со зборови меѓу Макрон и израелската Влада додека Израел ги засилува воените напади во Либан и Газа.