При засилена акциска контрола за санкционирање возила за брзо возење на територијата на Република Македонија во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи се санкционирани 186 возачи.
Како што се наведува во соопштението на МВР, од санкционираните, 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 69 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се додава во соопштението на МВР.