Министерството за внатрешни работи во рамки на вчерашната засилена акциска контрола низ земјава санкционира 189 возачи за брзо возење.
Од нив, како што соопшти, 23 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 49 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 140 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.