Како сооштуваат од МВР, од вклупниот број на изречени санкции, 66 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 151 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.