Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 232 возачи за брзо возење на територија на Република Северна Македонија, информира Министерството за внатрешни работи.
-Од нив 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 60 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 172 надвор од населено место, соопшти МВР.
Од Министерството додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.