За кого важат законите во Македонија

Вчерашните вести за извештаите на Државниот завод за ревизија за беззаконието во работата на Општина Арачиново е само уште една шлаканица за граѓаните и државата, каде СДСМ и ДУИ ги претворија сите закони и државни органи во алатки за корупција, криминал и беззаконие, велат од Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

За потсетување, уште пред две години Комисијата за локална самоуправа алармираше за незаконското работење на Општина Арачиново, каде во мај 2021 година го посочивме незаконското и криминално градоначалничката на Арачиново и кадар на СДСМ, Миликије Халим и феноменот со 0 % наплата на Данок на имот во општината.

Со последниот извештај само се потенцираше овој податок, но и многу други незаконитости и неправилности во работата на Општина Арачиново во 2021 година, како што се:

– Ненаплаќање на комуналните такси (данок на имот, комуналии, данок на промет…) кои се основен извор за финансирање на работата на општините;

– Изградба на објекти без издавање на ниту една градежна дозвола.

– Незаконско трошење на општински средства

– Незаконско давање на заеми и аванси на лица, како и бришење на истите без да се вратат

– Никакво водење на евидентни листи за присуство на советници на одржани седници на Совет, исплата на паушали без никакво покритие…

– Расфрлање со средства за репрезентација во висина од 10.000 евра, трошени незаконски по кафеани и ручеци

– Неконтролирано точење на гориво во приватни возила…

Во меѓувреме, никој од општината ниту одговара за ваквото „работење“, што претставува отворен грабеж на граѓаните, корупција на системот, секако со амин и дозвола на централната власт. За потсетување, за да биде лицемерието на криминалната банда СДСМ-ДУИ уште поголемо, тие не бираат средства за саботажа и блокада на општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ.

Така, сведоци сме на секојдневни блокади на капиталните проекти во општините каде локалната власт е во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, секојдневни хајки и тенденциозни инспекции, никаква помош за справување со светската енергетска криза…

Почитувани,

Со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ на наредните парламентарни избори, новата влада предводена од идниот премиер Мицкоски ќе издвојува по 250 милиони евра годишно од централниот буџет за реализација на капитални инвестиции во сите општини во Република Македонија.

СИТЕ КРИМИНАЛИ И НЕРЕГУЛАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ КАЗНЕТИ!

ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!