Регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5 отсто во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=65; 41,9 отсто), со неделна инциденца – 10,5/100.000. Највисока неделна инциденца од 35,8/100.000 е регистрирана во Демир Хисар.

Процентот на позитивност се движи од 0,1 отсто до 1,4 отсто, просечно 0,7 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=52, 33,5 отсто). Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од од 50 до 59 (n=26; 16,8 отсто), од 40 до 49 (n=25; 16,1 отсто), од 30 до 39 (n=20; 12,9 отсто) и од 20 до 29 години (n=18; 11,6 отсто). Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години (n=4; 2,6 отсто) и од 10 до 19 години (n=10; 6,5 отсто).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 465 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 30,8 отсто во споредба со минатата недела.

Пријавени се 13 смртни случаи од шест градови, што е за 45,8 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, девет лица биле над 60 години, три лица на возраст од 50 до 59 години и едно лице од 40 до 49 години.

На 17 февруари во Р.С. Македонија почна вакцинацијата против Ковид-19. Заклучно со 6 јуни аплицирани се:

• 60.526 дози на „Фајзер/Бионтек“ (43.441 со прва доза и 17.085 со втора доза),

• 45.168 дози на „Спутник В“ (22.875 со прва доза и 22.293 со втора доза),

• 32.875 дози на „Астра Зенека“ (32.843 со прва доза и 32 со втора доза) и

• 251.705 дози „Синофарм“ (147.998 со прва доза и 103.707 со втора доза).

Заклучно со 6 јуни вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 31 мај до 6 јуни, како и кумулативната состојба се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.