Извештајот на ГРЕКО ја потврдува работата на Владата и движењето на Македонија во правилна насока

Портпаролката на Влада, Марија Митева, вечерва во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа говореше за извештајот на ГРЕКО. Таа истакна дека извештајот јасно покажува видливи резултати во борбата против корупцијата во земјата.

Митева посочи дека по години на негативни извештаи, Македонија конечно оди напред. Според неа, извештајот на ГРЕКО е одличен индикатор за насоката во која се движи државата.

„После години на низа негативни извештаи. На низа нотирани состојби коишто беа во насока на континуирана негација на состојбите коишто се случуваат во Македонија. На она што значеше презентација на Македонија. На она што значеше навистина институции кои што беа во криминал и корупција. Добиваме еден исчекор напред. Тоа е одличен показател индикатор за тоа во каква насока се движиме и што успеавме да направиме за една година“, рече Митева.

Таа додаде дека извештајот на ГРЕКО ја одразува работата на Владата и исполнувањето на препораките. Според неа тоа доведува до позитивна оценка за функционирањето на институциите.

„Ако добро се погледне извештајот на ГРЕКО ќе се види дека навистина има состојби коишто означуваат работа на оваа Влада. Исполнување препораки коишто биле, остануваат уште неколку од нив коишто иако го затворија со позитивна оценка сепак имаме цел како Влада и тие коишто се веќе се останати да ги реализираме. Не радува ова дека е добар импулс, добар показател, дека за една година успеаваме да покажеме комплетно различно ниво на функционирање. Различен систем на управување, различен начин на водење на институциите“, рече Митева.

Извештајот, според неа, не само што ја потврдува работата на Владата, туку и го означува почетокот на еден нов пристап во системот на владеење.