На средбата, како што соопшти прес службата на Собранието, присуствувала и Сузана Салиу, заменичка на Народниот правобранител, а омбудсманот Зибери меѓу другото, зборувал и за кадровските прашања во институцијата која ја претставува, за природата и бројот на поднесените претставки кои граѓаните ги доставуваат со намера на остварување и заштита на нивните граѓански права како и за влијанието на пандемијата со Ковид – 19 во природата на поднесените претставки и работата на институциите.

Џафери и Зибери констатирале дека односот на институциите Народен правобранител и Собрание е добар, ефикасен и коректен во однос на Годишниот извештај.

Џафери истакнал дека пратениците ќе бидат информирани навреме и дека се очекува и отпочнување на собраниската процедура за разгледување на Извештајот и усвојување на препораките што ќе произлезат од него.