Возилата од посочените линии ќе возат по посочениот режим, се до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје.
ЛИНИЈА 5
*автобусите од семафорите на булевар „Ѓорче Петров“ вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот и продолжуваат по редовната траса
*автобусите за почетно/крајна постојка ја користат постојката во Јурија, а истата постојка ја користат и возилата од линија 160
*посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање
ЛИНИИТЕ 11 и 11А
*автобусите во насока од Рашче и Свиларе кон Транспортен центар, од Дексион се пренасочени по улица „Црногорска“, па десно по улица „Атанас Иљоски“, лево на улица „Борис Сарафов“ и продолжуваат право на кружниот тек, па од кај Порта Влае продолжуваат по редовната траса
*автобусите во насока од Транспортен центар кон Свиларе и Рашче сообраќаат по редовните траси