Полициски службеници од СВР Битола синоќа добиле повик за помош од страна на П.Х. (57) од Тетово, соопштија од МВР и појаснија дека според пријавеното, поради големи снежни наноси на планината Галичица, тој заглавил со патничко возило „Џип“ со албански национални ознаки, на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење со возила во зима.

– Полициски службеници од Граничен премин Стење веднаш излегле на терен, при што во 21.00 часот во близина на место викано Ски-центар Галичица било пронајдено заглавеното во снег возило, на П.Х. му била укажана помош и безбедно бил извлечен со возилото и спуштен на безбедно место на главниот пат, информираат од МВР.