Пријава за семејно насилство

СВР Велес синоќа уапси 32-годишен велешанец, информира МВР. Пријавено е дека ја повредил сопругата и кршел предмети во домот.

Полицијата го води случајот како семејно насилство извршено врз жена. Според пријавата, тој ја горел сопругата со цигари и ја повредил.

Од МВР соопштија дека мажот е лишен од слобода синоќа. Настанот е објавен во полицискиот билтен.

„Полициски службеници од СВР Велес синоќа во 22:40 часот лишиле од слобода 32-годишен велешанец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот скршил предмети и со запалена цигара и нанел повреда на неговата 33-годишна сопруга. Случајот ќе биде процесуиран“, пишува во полицискиот билтен.

Во изминатите месеци имаше бран на случаи на брутално насилство врз партнерки. Најтрагичниот случај се случи токму во Велес.

Таму скопјанецот Илија Стефановски со нож ги уби Росица Коцева и Киро Коцев. Станува збор за неговата поранешна девојка и нејзиниот татко.

Пријава за семејно насилство