Студент од Богданци е приведен откако бил затекнат како тајно снима колешка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, потврди Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на 16 октомври 2025 година, околу 17 часот, кога 22-годишна студентка од Прилеп, која престојува во домот, забележала мобилен телефон поставен над параванот во бањата додека се туширала.
Според пријавата, 22-годишниот А.М. од Богданци признал дека ги направил фотографиите. Полицијата веднаш го привела и извршила претрес, при што му биле одземени мобилен телефон, лаптоп и компјутер.
Од СВР Скопје информираа дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.