Данка Илиќ беше убиена на 26 март кога на неа со автомобил налетале двајца вработени во јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор.
Се работи за двајца мажи С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот. Како што откри главниот уредник на Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, тие ја удриле со автомобил, а телото го ставиле во багажникот, и потоа го фрлиле во блиската депонија.
-Со голема брзина налетале на неа и ја убиле. Наместо да се обидат да помогнат и да повикаат полиција, тие ја ставиле во багажникот и ја однеле до депонијата. Ја фрлија таму. Првин ја затрупале со ѓубре за да не се забележи, а потоа го исчистиле автомобилот со крпа натопена со варикина за да ги отстранат трагите од крв, рече Вучиќевиќ и додаде:
„Траги од крв се откриени само со форензичка анализа. Утврдено е дека крвта и припаѓа на малата Данка. Полицијата уште од почетокот имаше индиции дека се случило вакво нешто. Овие убијци постојано се враќале на таа депонија и понатаму го закопувале телото на девојчето. Страшно злосторство, со предумисла. Доказите во оваа истрага полицијата ги добила преку форензичка анализа на траги од крв. Веднаш штом откриле дека крвта најверојатно е на Данка, работниците биле уапсени и го откажале полиграфот. Еден од нив потпишал признание, другиот сè уште се мисли. Најстрого ќе бидат казнети“.