– Најверојатно јас ќе предложам на Советот овие деца што се од други општини да останат кај нас до 1 јуни 2022. После 1 јуни, ги известуваме граѓаните да си најдат каде нивните деца ќе продолжат да бидат сместени, затоа што мора да обезбедиме простор за децата од Општина Карпош, рече Јакимовски.

Четирикратниот градоначалник на Карпош рече дека буџетот на општината е намален од 11,5 на 5,5 милиони евра и дека следната година ќе биде година на, како што рече, финансиска стабилизација. Тој додаде дека 2,5 милиони евра општината годишно дава за плати на 380 вработени.

– Ако останеме без прихопди, ние не можеме да им служиуме на граѓаните Подготвен сум да извршам одредена редукција, нема логика да немаме инвестиции, а парите да ги трошиме за плати. Подобро да земеме аутсорсинг компанија од Америка, подобро ќе ги услужи граѓаните.

Има луѓе кои што ништо не работат, најдов луѓе кои се тројца, живеат во странство, а се на платен список. Има и луѓе кои се уште ги користат мобилните линии, а не се веќе вработени, наведе Јакимовски.