Имаме одлука на Совет, имаме средства предвидени во буџет, имаме средства предидени во програма и имаме предвидено во програма за јавни нававки. Сите тие документи беа подговени, освен документот што локалната самоуправа го нема, изјави поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевче Јакимовски во гостувањето во „Студио 10“ на ТВ 24 каде, меѓу другото, го прокоментира и законот за дивоградби, но и обвинувањата дека има 80 стана.

Следна работа, најдени се три легализации за коишто објектите наводно биле времени објекти. Меѓутоа, доколку објект е времен, тој мора да е упишан во имотниот лист на објектот. И ниту јас, ниту моите службеници, па и Тито од гроб да стане објектот не може да го легализира бидејќи тој е времен. И покрај тоа, и на тие објекти им се издава времена дозвола секоја година, но овие објекти такви нешто немале. Згора на тоа, секој од тие објекти од првичната квадратура што ја имале, сега имаат многукратно поголема квадратура и по тој основ општината има обврска да изврши нивна легализација. Со други зборови, овие предмети се чисти како солза и предмети за криминал апсолутно не постојат – објаснува Јакимовски.

На прашањето колку стана има Стевче Јакимовски, тој одговори дека нема ниту еден стан.

Ниту еден стан немам, одговорно тврдам. Целата таа приказна мораше да издише, а тоа мораше да дојде преку кривични пријави. Од 100 години наназад, ние за политичко мислење би се убивале. Јас стојам зад тоа дека државата може да ме контролира кога сака и каде сака. Јас треба секогаш да бидам исправен и кога тоа ќе се констатира, треба да го признае. Јас сум прогласен за најуспешен градоначалник во југоисточна Европа – вели Јакимовски.