Како што соопштија од локалната самоуправа, на средбата Јакимовски побарал од нив да подготват презентации на сите планови.
-На средбата побарав од нив да подготват комплетни презентации на сите планови без разлика во која фаза на изработка се во моментот и истите да бидат ставени на увид пред Советот на општината и пред јавноста. Во Карпош ќе се работи само транспарентно!, сподели Јакимовски.