Старо – новиот градоначалник на општина Карпош, Стевче Јакимовски на социјалните мрежи сподели информација во однос на хигиената на општината. При вонредна контрола, службата за чистење ја затекнал како ништо не работи.

Утрово бев во вонредна контрола на службата задолжена за чистење на улиците и одржување на хигиената на општината. Од тоа што го затекнав на терен ми стана јасно зошто Карпош беше толку нечист и запуштен во овие изминати четири години.
Наместо да ги чистат улиците, ги најдов сите како седат на едно место и ништо не работат. Нема да дозволам општинската администрација да се однесува неодговорно кон работата и кон своите сограѓани.
Заврши времето на неработење во Општината.
Во моментов во Карпош задолжени за хигиената се 118 вработени, а Карпош никогаш не бил понечист.
Во предизборната кампања ветив дека Карпош повторно ќе го врати својот сјај и имам намера да го исполнам тоа.
Карпош повторно ќе биде чист, улиците повторно ќе бидат уредни и средени!, напиша Јакимовски на ФБ.