Гласањето преку биометриска идентификација обезбедува кредибилитет во изборниот процес, спречува семејно гласање и гласање за други лица. Сметам дека ДИК, како институција одговорна за организирање на изборите, во соработка со други институции што треба да обезбедат податоци, треба да работи и да ја обезбеди потребната опрема за следните избори, вели Јакупи во изјава за „Слободен печат“.